Повторно промени на времето: Што можеме да очекуваме до недела?

Иако пролетта и официјално започна, сепак зимата не се дава, а УХМР подготви прогноза за наредните 5. дена
Денеска ќе биде променливо облачно и студено, во северните и источните делови со повремени локални врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови и вдолж Повардарието (локално и над 60 км/час).
Температурите ќе се движат од 0. до 7., а на југот од 4. до 12. степени.
Во четврток утрото ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температуритеќе се движат од – 4/8 до 7. а на југот од -2 до 13. степени.
И во петок утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: -7°C до -1°C. Максимална температура: 6°C до 14°C.


Во сабота преку денот сончево и потопло. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минимална температура: -6°C до 0°C. Максимална температура: 8°C до 16°C.
За недела се најавува сончево со умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: -4°C до 3°C. Максимална температура: 10°C до 19°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …