Витни Буха од Чикаго, на социјалните мрежи, ја покажала деформацијата после третманот со ботокс. Таа ќе мора да почека со недели или месеци пред нејзините очи да се вратат во нормала.
Витни Буха им откри на своите 12.000 следбеници на „ТикТок“ дека и вбризгале ботокс на погрешно место.
Иако се смее на видеото што го објавила, свесна е дека ќе мора да чека доста долго додека не и се поврати лицето.
Човекот што ја осакатил, како што вели – се обидел да ги „избалансира нејзините веѓи со четири единици ботокс под левата веѓа што сакал да ја подигне“, но наместо тоа тој дел драстично паднал.
View this post on Instagram
Ако веѓите и очните капаци се спуштат, а усните се опуштени, сигурно е дека ботоксот бил инјектиран неправилно, или во прекумерна количина. Иако оваа состојба не е трајна, мускулите можат да ослабнат за време на дејството на ботоксот, така што очните капаци и усните можат да останат малку опуштени дури и откако ќе престане да делува.
Големите дози на ботокс не се добри дури и ако сакате да го видите најсилниот можен резултат и од докторот барате трајност.
Иако резултатот од ботоксот ослабува и поминува со текот на времето (околу 6 месеци), долготрајната континуирана употреба може да ги ослаби мускулите на челото (или други области на лицето) и да доведе до нивна атрофија. Мускулите ќе го изгубат волуменот, лицето ќе изгледа суво. Правилото е – колку помалку, толку подобро.
Фото: Принтскрин/Instagram/somethingwhitty