Секс со пријател – да или не? ПЕТ ГОЛЕМИ ТАЈНИ кои никој нема да ви ги каже, а се пресудни…

МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВИ НЕОЧЕКУВАНА ЉУБОМОРА
Љубомората е чувство кое тешко можеме да го контролираме. Ќе се прикраде кога најмалку ја очекувате. Сигурно не очекувате да бидете љубоморни на идните девојки на вашиот најдобар пријател, но доколку сте имале секс со него, шансите за тоа се над 90. отсто. Ова се случува многу почесто отколку што можете да замислите. Можеби првично ќе се борите против ова чувство и ќе го негирате, но ќе разберете дека срцето е она на што не можете да му наредите.

ЌЕ ДОЖИВЕТЕ ОСУДА ОД СТРАНА
Иако имате право да го живеете животот како што лично мислите дека треба, често ќе се случува луѓето околу вас да коментираат за вашите избори и да го критикуваат она што не го сметаат за правилно. Тоа е навистина погрешно, но не можеме да кажеме дека тоа не се случува.
Размислете за тоа: дали сте подготвени да се соочите со мислењето на вашето семејство и пријатели за оваа ваша одлука? Дали сте подготвени да им објасните (иако тоа не ги засега) зошто се согласивте на оваа ситуација?


МОЖЕТЕ ДА СЕ ВПЛЕТКАТЕ ВО МРЕЖАТА НА РОМАНТИЧКИ ЧУВСТВА
Дури и ако сексот со вашиот пријател е пријатно искуство и продолжувате да го практикувате редовно, можеби ќе сфатите дека сте почнале да гледате на него со други очи. Во текот на ноќта би можеле да ви се создадат романтични чувства. Ситуацијата може да се искомплицира доколку тој не се чувствува исто. Би биле пријатели кои се сакаат, но на поинаков начин. Каде ве води тоа? Дали продолжувате да се дружите и да имате повремен секс и да се надевате на врска или пак се вртите и заминувате засекогаш?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 16.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика …