Секс со пријател – да или не? ПЕТ ГОЛЕМИ ТАЈНИ кои никој нема да ви ги каже, а се пресудни…

Без обврска, гужвањето на креветот со некој во чие друштво уживате и кој го познавате во душа, изгледа магично. Во реалноста, знаете дека веројатно нема да успее, но затоа во вашата имагинација… Не е дека некој од вас ќе се заљуби, нели? Па што е проблемот? Што може да тргне наопаку?
Во текстот подолу ви откриваме пет големи тајни кои веројатно никој нема да ви ги каже за сексот со пријател.

ВО ВАШИТЕ МИСЛИ ТОА ИЗГЛЕДА МНОГУ ПОДОБРО ОКОЛКУ ВО РЕАЛНОСТА
Кога фантазирате за тоа, го замислувате како совршен чин во кој секоја секунда ќе остане запаметена. Се подразбира дека создавате недостижна цел од целото потенцијално искуство. Големи се шансите да ве водат жешки сцени од филмови, но реалноста често е сосема поинаква.
Самиот почеток би можел да биде многу незгоден, но и за време на сексот може да станете многу несмасни бидејќи не е некој со кој сте во врска. Нешто како за една ноќ со тотален странец, само што вие можете да ја повредите оваа личност ако не внимавате, бидејќи ви е пријател.


ВЕРОЈАТНО ТОА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО
Можеби мислите дека нема ништо доволно силно за да ви го уништи пријателството, но дали сте размислувале за секс? Лошото сексуално искуство може да ги претвори дури и најдобрите пријатели во најголеми непријатели. Малку работи може да се споредат со лошиот секс кој штотуку се случил меѓу пријателите. Замислете само да поминете ужасна ноќ со личност која ви е пријател, а потоа да се обидувате да продолжите да се дружите, како ништо да не се случило.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …