(ВИДЕО) MIYATTA ft. Teda – „Враќање дома“: Нова песна и спот за мелодија која понесува

Мијата ја промовираше новата песна „Враќање дома“ – весела, разиграна, распеана, понесува, песна која, доколку радиостаниците и одвојат доволно простор, сигурно ќе биде меѓу послушаните бидејќи едноставно – ПОНЕСУВА!
Во оваа песна Мијата вокално ја надополнува и Теда, Теодора Гошева Капсарова, кантавторка и пејачка од помладата генерација.
„Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично ме отсликува мене и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја“, вели Мијата.


„Враќање дома”

Аудио:
Музика: Александар Пешевски
Текст: Весна Малинова
Аранжман: Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTA
Микс& Мастеринг: Дамир Пух @GreenRoom Sound Studio
Мандолина: Никола Стојмановиќ
Придружни вокали: Наташа Миха


This image has an empty alt attribute; its file name is mijata-1.jpeg

Фото:Фросе Левковска


Видео:
Режија: MIYATTA
Видео Продукција: Били Д, Гордан Божиновски @Solution+
Стајлинг: Сара Реџиќ @Sari G
Шминка: Бранкица Крстевска
Благодарност до Флораком ЛТД – Паркови и зеленило за несебичната поддршка околу овој спот!!!!

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …