(ФОТО) Луксузен или авантуристички туризам: „Чудовиште“ на батерии од длабочините на морето – само за најбогатите

Необичната електрична подморница е долга 35. метри, а во неа има теретана, ресторан и можност за гледање на морскиот свет благодарение на силните светла кои ги осветлуваат длабочините на водата.Можност за вакви екскурзии засега имаат само милијардерите и ВИП посетителите.
Подводната платформа за забава е подморница долга 35 метри, изгледа како неверојатна суперјахта, само што е под вода. Може да прими 120. патници, а низ 14. прозорци од подморницата се гледа богатиот морски свет. Подморницата има силни надворешни светла за ноќно нуркање, а внатрешноста на подморницата е многу добро испланирана од подводен ресторан со 64. седишта до теретана и казино. Наменета е за популарни, познати, богати луѓе, интимни свадби, за оние кои би сакале да ги одржуваат своите состаноци и конференции во мир подалеку од љубопитните фотографи. Суперјахтата е морско чудовиште кое може да работи само на батерија 24. часа. Подморницата се полни во пристаништето или на пловечки докови.
“Подводната јахта ќе ја размрда индустријата за подморници и угостителство и ќе го преземе водството во подводните настани. Тоа ќе биде одлично искуство за светот на бизнисот”, изјавил основачот и извршен директор Берт Хаутман.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Juan Carlos Pedreira (@juancpedreira)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …