(ФОТО) Го поддржува Путин и сите ја критикуваат затоа што дошла на фестивалот во Кан: „Снимив филм со Зеленски“

Една од најпознатите руски инфлуенсерки, Викторија Боња, завчера се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и покрај отворената поддршка за режимот на Путин.

Иако пристапот на Русите до фестивалот беше ограничен, Боња сепак беше меѓу гостите, поради што организаторите беа критикувани.
„Не ми се верува дека ја пуштиле Викторија Боња да дојде во Кан. Не само што ја поддржува руската влада, туку е и анти-ваксер“, пишувало во еден од многуте твитови.


Инаку, Боња во неколку наврати отворено му изразуваше поддршка на Путин на Инстаграм, па дури и позираше во маица со неговиот лик.
Таа неодамна учествуваше на протести против санкциите што западните земји ги воведоа кон Русите. Таа беше снимена како уништува скапа чанта на Шанел, обвинувајќи ја компанијата за промовирање русофобија.
Откако ги затвори своите продавници во Русија, Шанел престана да ги продава своите производи на луѓе кои имаат намера да ги однесат во Русија.

„Ако Шанел не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме Шанел? рече таа пред да ја пресече торбата со ножици.
Организаторите на новинарските прашања за доаѓањето на Боња на фестивалот одговорија дека само неколку руски медиуми кои се против војната добиле дозвола да дојдат во Кан, но Боња не ја споменале.
На повиците реагирала и инфлуенсерката.
„Зошто не ме обележуваат на сликите каде глумам во филм со Зеленски? прашала таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …