(ФОТО) Како на филм: Сама се породила на пат, а потоа седнала во автомобилот и возела до дома!

Хедер Скетс од Кентаки била во центарот на вниманието на американските медиуми откако го родила своето шесто дете сама, покрај пат, додека другите деца ја гледале од автомобилот.
Таа на својот Фејсбук профил објавила семејна слика, но и напишала за ова необично искуство.
Бидејќи имала три недели од терминот за породување, таа не се грижела и седнала во автомобилот со своите деца за да заврши некои задачи.
„Не мислев дека ќе го држам бебето во раце неколку часа подоцна“, рекла мајката.
Меѓутоа, наеднаш почнале контракциите и таа сфатила дека мора да го запре автомобилот бидејќи наскоро може да се породи.


„Планирав да се породам во вода, дома, како и претходните пати, но не одеше според планот. Буквално се возев во кола со моите деца, кога наеднаш почувствував потреба да застанам. Излегов од автомобилот, се префрлив на другата страна, во тревата и добив бебе. Беше толку брзо! Мислев дека вакви работи се случуваат само во филмовите“, напишала таа.
„По породувањето се вратив во автомобилот кај децата и продолжив да возам до дома. Новороденото бебе сè уште беше врзано за мене со папочна врвца. Дома ме чекаше бабицата, а потоа моравме да ја извадиме тревата од бебето“, напиша на шега мајката.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …