СЕМЕЈСТВОТО Бекам доживува вистинска драма откако Шерон Бел (58) ги обвинила Викторија и Дејвид дека и ги украле јајните клетките со кои ја зачнале Харпер Севен. Бекамови ја обвинија Бел за малтретирање затоа што им праќала писма, им тропала на вратите и ја чекала Харпер Севен пред училиштето после наставата за да разговара со неа.
Англиските медиуми јавуваат дека Дејвид Бекам се чувствува вознемирено и има „страв за безбедноста на сопственото семејство“, особено поради фактот што таа дошла на нивната адреса и се обидела да влезе во куќата со „лажно уверување“ дека е сопруга на Бекам.
View this post on Instagram
„Станува збор за бизарно тврдење“
На сослушувањето Бел рекла дека не се чувствува виновна а судењето ќе се одржи во јули оваа година. „Бел живее во лажно верување дека е во врска со Дејвид Бекам, дека тој и ги украл јајните клетки и дека Харпер Бекам е нејзино законско дете и затоа таа ја пречекала Харпер Бекам пред училиштето на 18. ноември 2021. година“, рекла обвинителката.
View this post on Instagram
„Дејвид Бекам се плаши за безбедноста на своето семејство и верува дека нејзиното однесување имало за цел да го заплаши неговото семејство. Тој тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на неговото дете“, додала таа.
Судијата рече дека е „бизарно тврдењето дека на г-ѓа Бел и ги украле јајните клетки и дека детето е нејзино дете“. „Човек не мора да биде експерт по биологија за да може веднаш да се утврди дека станува збор за заблуда“, заклучил судијата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram