Развиена вакцина, за корона вирус, која користи нанотехнологија

Тим научници од Глобалниот центар за истражување на патогени микроорганизми и човечко здравје на Клиниката во Кливленд објави интересна студија во двомесечното рецензирано научно списание за отворен пристап „mBio“.
Тука се истакнува дека вакцината што ја развиле произвела силни неутрализирачки антитела во претклинички модели, како и дека спречува инфекција со коронавирус во испитувањата. Покрај тоа, тие тврдат дека нивната вакцина е термостабилна, што би го олеснило транспортот и чувањето од било која што е одобрена во моментов.
„Нашиот кандидат за вакцина доставува антигени кои предизвикуваат имунолошки одговор преку наночестички направени од феритин, протеин што може да се најде во сите живи организми“, вели д-р Џеј Јунг од наведениот центар.
Како што додаде коавторот на студијата, Докјун Ким, протеинот што се користи во оваа вакцина е атрактивен биоматеријал за вакцини и внес на лекови од повеќе причини, вклучувајќи го и тоа што не бара строга контрола на температурата.
„Ова драматично ќе ги олесни ограничувањата за испорака и складирање, кои се предизвици со кои се соочуваме во моментов. Исто така, тоа би било корисно за дистрибуција до земјите во развој“, рекол тој.
Другите придобивки на наночестичките од протеините вклучуваат намалување на оштетувањето на клетките, како и овозможување на посилен имунолошки одговор во пониски дози, наспроти традиционалните протеински кои се користат против други вируси, како што се вирусите на инфлуенца.
Принципот на кој работи вакцината е да се користат наночестички феритин за да се воведат ситни, ослабени фрагменти од зашилениот протеин на новиот коронавирус, кои селективно се врзуваат за човечките клетки, или домените за врзување на рецепторите (RBD).
RBD се врзува за човечкиот протеин ACE2, по што коронавирусот почнува да се размножува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …