(ВИДЕО) СИНОТ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ИГРАЧКА КОЈА ЈА ИМА СЕКОЕ ДЕТЕ: Мајка ја исекла паткичката на половина и се преплашила -лекарите дале совет!

Иден Стронг, мајка од Тикток, на оваа социјална мрежа објавила видео од застрашувачка инфекција на очите со која се бори нејзиниот син Бејлор, поради играчката што ја има секое дете. Тоа е гумена патка за капење.


„Ова е мојот син Бејлор кој доби ужасна инфекција на очите поради гумена патка за капење. Тој заврши во болница поради инфекција. Се покажа дека гумата патка со која се бањаше е виновна за сè. Како што знаете, овие гумени играчки имаат дупка низ која може да се распрсне вода. Ја отворив нашата и видов дека е полна со мувла“, напишала мајката.



Општа лекарка Сара Џарвис вели дека „нема сомнеж дека гумените играчките за бањање се расадници на вируси, бактерии и габи“.
„Тешко е да се каже колку деца добиваат инфекција од вакви играчки во просек годишно, но сигурно е совет за родителите секогаш да ги мијат и исушат темелно по секоја употреба. Ако ги оставите да стојат влажни, ризикувате проблеми“, вели оваа лекарка.
Д-р Ричард Хастингс, експерт во областа на микробиологијата и превенцијата од инфекции, вели дека ако на играчката мувлата е видлива треба да се фрли без да се обиде да ја исчисти.
„Купете друга играчка и водете сметка за нејзино миење и сушење“, советувал докторот.

@tinyheartseducationCheck your bath toys! ##mumsoftiktok ##parentsoftiktok ##baby♬ when the party’s over – Billie Eilish


Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАКЕДОНЕЦОТ ВИКТОР НАСТЕСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА БРОДСКА КОМПАНИЈА ПОРАДИ ПАСОШОТ!

Штетите од хаосот со личните исправи на македонските државјани, предизвикани од предавството на марионетската влада …