Овој петок: Владо Георгиев во „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје

Балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев овој петок, 24.декември 2021 год. на незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во новоотворениот локал „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.
Забава на каква еднаш се присуствува, а долго се памети и раскажува, концерт на кој во еден глас се пејат најголемите хитови на големиот хитмејкер како: „Анѓеле“, „Једина“, „Збогом љубави“, „Жена без имена“, „Живим да те наѓем“, „Искрено“… Човекот за кого се бара место повеќе, на чија музика се љуби, пее, плаче, пие, радува… Но најмногу и сигурно, одлично се забавува и незаборавно се поминува.

This image has an empty alt attribute; its file name is vlado-georgiev.jpg


– Чест и задоволство ни е да Ви ја најавиме една од најголемите ѕвезди, Владо Георгиев кој ќе ни овозможи да имаме уште еден незаборавен “afterwork” и овој петок, на 24.12.2021 со почеток од 17:00h. Ве очекуваме!, велат од „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.
Информации и резервации: 078 296 673 и 075 334 455“ – порачуваат организаторите канејќи Ве на настанот на годината за кој бројот на места е ограничен, зашто истиот ќе биде спроведен според важечките препораки и протоколи за заштита од Ковид 19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …