(ВИДЕО) НОВ УСПЕХ НА ГАРО ТАВИТЈАН: Соработка со светската компанија „Zildjian“

Скромно и немаметливо Гаро Тавитјан на неговиот профил на Фејсбук го соопшти неговиот голем успех, за кој, сепак, треба и големи квалитети препознаени од светските музички мајстори…

„Чест и задоволство ми е да ја споделам со вас мојата нова песна и соработка за најголемата Американска компанија за чинели во светот Zildjian Company на која ни гостува еден од најдобрите светски гитаристи – член на култниот бенд Chick Corea електрик бенд Г-дин Френк Гамбале како и мојот брат Diran Tavitjan на клавијатури. Frank Gambale е светски гитарски идол и дел од нашата музичка наобразба како и на целокупната рок, фјужн и музичка сцена во светот. Благодарам и на интернационалниот уметник Nadja Petrovic чие ликовното дело го искористивме и беше инспирација за музиката.
Zildjian компанијата стои позади светските Metallica, Guns and Roses, Simple Minds, Faithless, The Rolling Stones, The Beatles и честа е голема.
Искрено се надеваме дека ќе уживате во нашата нова соработка која воедно претставува историја за нас и за нашата музика, со почит!
Посебна благодарност до компанијата Зилџан, Vic Firth, Remo Inc. и на Френк Гамбале за подршката и учеството.
Заштитно лице за целиот свет:
https://zildjian.com/garo-tavitjan.html
Музика, аранжман, продукција, тапани и клавијатури – Гаро Тавитјан
Френк Гамбале – Гитара
Диран Тавитјан – Клавијатура (соло) & Перкусии“



Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …