(ВИДЕО) Слушнете ја „Хиена“ на Антониа Гиговска и „2 Бона“: Песната руши рекорди на слушаност, коментари пишуваат од целиот Балкан!

Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa.
Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.

This image has an empty alt attribute; its file name is antonia-i-2-bona-2.jpg
По се изгледа нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не престанува да пристигнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.
Ќе ви издвоиме само неколку од нив: „Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“ – се само дел многуте коментари.


This image has an empty alt attribute; its file name is antonia-1.jpg
Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.
– Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет – накусо ни изјави Гиговска.

This image has an empty alt attribute; its file name is antonia-3.jpg
Инаку автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи.
Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ.
Погледнете и слушнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …