Марија Спасовска: „Ој, Вардаре македонски” е моја омилена песна, зашто сум најголем фан на ВАРДАР!

„Ој, Вардаре македонски” ееднаод оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која јавноста ја памети уште од „Поточиња”, мјузиклот „Тајно моја”, Детската Евровизија…


– Среќна сум што сум дел од проектот Македонијо во срце те носимеи со посебна радост ја прифатив поканата и идејата да ја отпеам оваа песна. „Ој, Вардаре македонски” отсекогаш била моја желба, особено затоа што сум поранешен член на РК Вардар, но и нивен најголем фан. Со Николче имавме одлична соработка за време на снимањето и мислам дека заеднички успеавме да донесеме нов, свеж звук за оваа моќна песна која првенствено треба да им стане омилена на младите, односна на мојата генерација, вели Марија и додава дека би сакала да сними уште некоја ваква преработка, но ветува и нови музички проекти.

Желбата на Марија да пее за Вардар се остварува во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме”, за кој аранжманите ги спакува маестро Николче Мицевски, а видеата и комплетната реализација на проектот – составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи, се со потписот на Скендеровски продукција. Во склоп на „Македонијо во срце те носиме” јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и Зуица Лазова.


Секоја песна на Јонче Христовски е македонска химна, а „Ој, Вардаре македонски”е химна и на ФК Вардар, па сосема очекувано и Комитите се дел од видеото. Комитите го красат видеозаписот за оваа преработка, што воедно значи и дека целиот проект се вклучува во иницијативата за поддршка на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.  

Уживајте во изведбата на Марија и „Ој, Вардаре македонски” и навивајте за нашата гордост – Вардар!


И не заборавајте дека кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи предвиден е концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во гласот на Марија Спасовска и нејзината верзија на „Ој, Вардаре македонски”: 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …