Премиера на биографскиот филм за Ејми Вајнхаус „Back to Black“ вечерва во Cineplexx

Вечерва во киното Cineplexx во Скопје, со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе биде прикажан биографскиот филм за Ејми Вајнхаус – „Back to Black“, насловен по нејзиниот најуспешен албум и по сега веќе легендарна хит песна на една од најдобрите пејачки на 21-от век.

На премиерата ќе може да се слушнат песните на Ејми во изведба на нашата млада пејачка Агни Авшар.


Погледнете ја нераскажаната приказна за Ејми и за нејзиниот најуспешен албум, како и за нејзиниот турбулентен живот. Филмот ги опишува животот и музиката на Ејми Вајнхаус, патувајќи од адолесценцијата до зрелоста до создавањето на еден од најпродаваните албуми на нашето време. Сликајќи живописна слика на улиците на Камден што таа ги нарече дом и овековечувајќи ги борбите за глобална слава, филмот ја чествува уметноста, духовитоста и чесноста на Ејми, како и обидот да ги разбере нејзините демони.

Филмот е во режиja Сем Тејлор-Џонсон, а главната улога ја толкува актерката Мариса Абела.


Се гледаме на премиера!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …