Промоција на книгата „Боите на мојата музика” во рамки на Охридско лето

Книгата “Боите на мојата музика”, е приказна за животниот и творечкиот пат на истакнатата македонска пијанистка, Снежана Анастасова Чадиковска.  Музичката јавност ја познава Чадиковска и како пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор на бројни културни и музички настани. 

“Боите на мојата музика” е  автобиографско дело, раскажано од Снежана во соработка со нејзиниот долгогодишен соработник, музиколог, но пред сé пријател, Марко Коловски. 


Книгата започнува од раното детство на Снежана и првите среќавања со музиката, опишувајќи настани кои ја одбележуваат нејзината кариера, но и нејзиниот личен живот, се до добивањето на некои од највисоките национални признанија за културни, музички и педагошки достигнувања. Ова низа од лични спомени и децениски случувања, поткрепена со бројни фотографии, а опишани од аголот на уметникот и музиколог, Марко Коловски, ја збогатуваат националната музичко-културна архива, носејќи значење за македонската музичка и културна сцена, воопшто. 

За рамнодушност нема место додека трае читањето на ова дело.


Примамливо зa секој, а особено за музички едуцираните читатели, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата на едно големо музичко македонско име, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.

Книгата е колоритна, раскошна, блескава, а најдобар приказ за тоа е “Хипостази на животот” на ликовниот уметник Венијамин Хаџи – Наумов.


Да нурнеме заедно во светот на музиката и да ја исполниме оваа вечер со страници од “Боите на мојата музика”

По промоцијата следи Концерт на камерниот оркестар на  Музичката Младина на Македонија (МММ)  ,,Сашa Николовски – Ѓумар” со почеток во 21.00 часот во црквата Св. Софија.   

Боите на мојата музика │ Промоција

Во рамки на Фестивалот Охридско лето 2023:

  • Настан │ Промоција на книга Боите на мојата музика
  • Датум │ 27.07.2023
  • Ден │ четврток
  • Час │ 19.00
  • Локација │ предворје на црква Св. Софија
  • Град │ Охрид

Автори

Снежана Анастасова Чадиковска | Истакната пијанистка, пијано педагог, публицист, музички аниматор и организатор

Марко Коловски │Музиколог, публицист, новинар и општественик

Промотори

Илинденка Петрушева │ Филмолог, филмски критичар, историчар на филмот, есеист

Александар Трајковски │ Музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист

Модератор на промоцијата

Милчо Јованоски │ Директор на Националната установа Библиотека Григор Прличев, новинар и публицист

Водител на настанот

Наташа Попоска Карче │ Сликар, уметник, стоматолог

Издавач

Музички Издавачки Центар (МИЦ)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …