Режисерот Андреј Волкашин започна со снимањето на својот дебитански игран филм “Слатката горчина на зрелите калинки”

Режисерот Андреј Волкашин започна со снимањето на својот дебитански долгометражен игран филм со сегашен наслов “Слатката горчина на зрелите калинки”, соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.

Филмот е меѓународна ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката екипа на филмот.


Филмот ќе се снима до крајот на Мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија.

“Филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликовано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат 4 жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ – Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска. “ соопшти продуцентот Елена Станишева.


Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамките на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со ПРВА награда меѓу сите алумни на TorinoFilmLab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот.

Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска. Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана.


Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и националните фондови на земјите копродуценти на филмот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај, настапува на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и …