ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕРВА ПОВТОРНО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Се очекува ново локално невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Нашата територија и денес ќе се наоѓа под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од југозапад, која е поврзана со циклонската актиовност со центар над Медитеранот.


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.

Апелираме во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.


Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим Во времето на царот Констанс, синот на …