Утре е БАЛАКЛИЈА, празник на мајката БОЖЈА, првиот петок по ВЕЛИГДЕН – направете го ова за бидете здрави и среќни

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. На тој ден кој е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник.

Востановувањето на овој празник се случил во храмот крај еден извор блиску до Цариград кој се викал „Животоносен источник“, кој го подигнал царот Лав Велики (V век). Според преданието, во една прилика уште додека не бил цар на Византија во шумата пронашол слеп човек кого го одвел до изворот го напоил и го измил, а потоа слепиот прогледал.


Кога станал цар, на местото каде што ова се случило изградил храм во знак на благодарност на Пресвета Богородица, а народот веднаш почнал да пристигнува од сите страни барајќи и наоѓајќи лек за многу болести.

Обичај е во зорите да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта.


Утрешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава когае обичај да се заколе јагне.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Првото и второто место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција на тимовите на СТЕМ Академија

Во конкуренција на 1450 тимови, од 36 земји, тимовите на СТЕМ Академија, Скопје Space Walkers …