Вечерва, со почеток во 21:00 часот во кафе-книжарницата Буква во Скопје, ќе може да ја погледнете изложбата на Марија Јаќовска и да уживате во концертот на бендот Кокиче.
Марија Јаќовска е дипломирана графичарка и воедно мултидисциплинарен уметник. По завршувањето на студиите има спремено изложба на колажи и слики во комбинирана техника, кои ќе можете да ги видите во петок.
Кокиче е бенд во кој членуваат Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас (кој за жал нема да не дружи овој пат). Свират импровизирана музика околу теми кои шараат од џез и класика до некаков си рок и ноиз. Сѐ уште млади како бенд, полека но сигурно го обликуваат својот звук кој се состои од детски мелодии, богати хармонии и чудни звуци со шашави тапани.