Театарската претстава „Види, летам!“ на Вондерленд театар гостува во Струмица

Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“ – истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство.

Претставата  ќе се одигра на малата сцена на Театарот Антон Панов во Струмица со почеток во 17:00 часот.


Автор: Ана Трпеноска
Режисер: Ивана Ангеловска
Уметнички координатор: Нела Витошевиќ

Играат:
Сара Спиркоска
Никола Настоски
Исмет Шабановиќ
Ана Димитрова
Леонардо Лазов


Текстот за претставата го напиша Ана Трепноска и е инспириран од автентичните искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци. Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд Театар.

Поддржана во рамки на партнерството на Младинскиот образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, „Види, летам“ на Вондерленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.


Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата се инспирација за промени, континуирано поместување на стандардите на следното ниво и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор. Сепак, бескрајните можности за истражување и преиспитување на театарот се земјата на чудата пред нас што чека да биде откриена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …