Промоција на „Тајни“ – најновата книга на авторот Јордан Коцевски

Вечерва во Europe House во Струга, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоција на најновата книга на авторот Јордан Коцевски со наслов  „Тајни“, продолжение на неговиот роман „Тегли“, во издание на „Антолог“. Промотор на книгата е Дијана Петрова.

„Тајни“ се случува три години по настаните од „Тегли“, и во центарот на вниманието е приказната на инспекторот Саше Левески, неговото минато и причините поради кои во „Тегли“ ја носи морално сомнителната одлука да ја спаси Розе и да помогне во затскривањето на убиството на главниот негативец. Во „Тајни“ тој е соочен со одлуката да продолжи да ги крие „духовите“ од минатото и да донесе неморална одлука, или неговата тајна да излезе на виделина по цена да остане доследен на својот етички кодекс. „Тајни“ нема да е продолжение на „Тегли“ ако во целата приказна не се вмеша Златко за да му ја олесни одлуката. Но, наместо тоа, и двајцата неволно се наоѓаат во ситуација во која не знаат што и зошто се случува, и мора да се борат за да преживеат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …