“Клеопатра“ на 14. и 17. ноември во МОБ: Грандиозна постановка за љубителите на балетот!

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика и ќе биде изведен на 14. и 17. ноември со почеток во 20 часот.
За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.
Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.
Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …