(ВИДЕО+ФОТО) Снимила реклама со Роналдињо и се обесила: Мистериозна смрт на српската водителка и манекенка

„Дедо беше амбасадор, ја запозна мојата баба, која е исто Србинка и така настана мојата мајка“…
Српската манекенка и водителка Марија Ќурчиќ, која вчера си го одзела животот на возраст од 26 години, пред два дена снимаше реклама со Роналдињо.


„Ги остварувам соништата од детството”, напиша Марија под фотографијата со легендарниот фудбалер кој пристигна во Белград за да сними реклама, и тоа само два дена откако бразилските медиуми објавија дека е на работ на банкрот и дека има само 6 долари на сметката.

Манекенката, како што неофицијално се дознава, се обесила.
Била заштитно лице на многу клубови, снимала спотови и реклами.
Српските медиуми пишуваат дека манекенката не била проблематична. Таа живеела на мансарда и според нејзините соседи водела нормален живот на една млада девојка. Телото го нашле нејзините родители кои стигнале во изнајмениот стан во кој таа живеела, откако не одговарала на повиците. Бидејќи не им отворила врата, тие влегле во станот со полицијата и затекнале ужасна глетка.

Имено, Марија „се качила на стол и се обесила со ремен“, а нејзините родители се скршени од болка бидејќи нивната ќерка, која не оставила проштално писмо, со ништо не покажувала дека има некакви проблеми.

На „Џон Незбит“ универзитетот студирала односи со јавност, била новинар – водител но и ПР. Модел станала на 16. години, а во ТВ водите впловила со 17. на локалниот МТВ канал, а била и промотор и организатор.

Марија е родена во Белград, а корените ги влече од Конго. Имено, мајка и била од Конго а татко и од Србија. „Дедо беше амбасадор, ја запозна мојата баба, која е исто Србинка и така настана мојата мајка“, раскажала неодамна Марија, која во едно интервју спомнала дека имала тешко детство бидејќи била поинаква од другите деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …