Врвниот тромбонист Џозеф Алези солист со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија го најавува симфонискиот концерт „Руска игра“, кој на сцената ќе го донесе врвниот тромбонист Џозеф Алези, прв тромбонист во престижната Њујоршка филхармонија!
Овој четврток, на 15 ноември во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија предводен од нашиот маестро Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и фантастичниот балет „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.


Џозеф Алези е прв тромбонист на престижната Њујоршка филхармонија и се јавува како еден од најдобрите соло тромбонисти кој настапува низ светот, не само во САД. Неговите настапи, всушност, се вистински раритет, затоа што тој изведува ретко интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е веројатно најдобриот жив тромбонист. Неговиот солистички репертоар е навистина широк и богат, во кој се вклучени дела од Бернштајн, Хиндемит, современи автори како што се Кристофер Роуз или Ерик Евазен, но и транскрипции на дела од Бах, Бетовен, Менделсон, Верди, Чајковски, Дебиси… Особено активен како солист, Алези се истакнал во 90-тите години на минатиот век настапувајќи со значајни оркестри низ светот, но и како камерен музичар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …