(ФОТО) Калиопи: „Бившите мажи ми се најдобри пријатели“

Македонската поп пејачка не крие поединости од својот приватен живот. Отворена е по прашањето на своите пропаднати бракови и се шегува на своја сметка.
„Бившите мажи ми се најдобри пријатели“, рекла Калиопи која била мажена за композиторот и текстописец Ромео Грил и глумецот Васил Зафирчев.
Со Грил има има син.


„Тој е многу важен за мене бидејќи во своите песни ме прави бесмртна. Ме знае во душа и знае што во кој момент треба да и испеам на публиката“, вели Калиопи. Таа открила и дека од Ромео извесно време била дистанцирана, но дека кога се обединиле настанале и песните.
Нејзиниот живот никогаш не обилувал со скандали, но таа признава дека е далеку од совршено.
„Ги поштедев луѓето од тоа. Не дека мојот живот е совршен. Тоа е невозможно. Публиката сфатила дека моите таги и радости се во песните“, навела уметничката додавајќи дека „Волчица“ е песна која најдобро ја опишува.


Пејачката истакнува дека е многу среќна кога ќе слушне дека нејзините песни се пеат на музичките натпревари.
„Тоа е голема работа за мене, а јас како жири никогаш не би била строга кон нив. Тие натпреварувачи го продолжуваат мојот век на сцената. Не ми е проблем како тоа го пеат бидејќи секој треба тие песни да ги изведе на свој начин. Веројатно моите песни ги мотивираат да го покажат својот талент“, рекла Калиопи.
Таа себе се опишува како авангардна, модерна и по малку луда.
„Мои адути се емоциите, пеењето и песните. Луѓето на моите концерти доаѓаат да го слушнат тоа“ вели Калиопи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …