(ФОТО) Авенија Бишоп – најскапа улица на светот!

Авенијата Бишоп во Лондон е резервирана за руските олигарси, членовите на кралското семејство и познати личности. Поради тоа и’ не чуди што луѓето ја нарекле „Улица на милијардери“, ниту што таа се смета за еден од најскапите делови на главниот град на Обединетото кралство но и светот.


Оваа лондонска улица се наоѓа на границата помеѓу лондонските квартови Барнет и Харинги.
Опфаќа шеесеттина куќи кои се изградени во различни архитектонски стилови, а тука може да се најде се’ – од спектакуларни резиденции направени по урнек на зданија во древен Рим, Египет и Грција до модерни англиски куќи.


Секој посед во просек зазема од 8.000 до 12.000 квадратни метри. И додека „помалечките куќи“ се продаваат по цена од 5. милиони британски фунти, оние поскапите достигнуваат цена и до 65. милиони.
Недвижнината во Улицата на милијардерите е моќен статусен симбол. Ако таму живеете, никому не мора да објаснувате дека имате пари.


И покрај тоа некои сопственици не се одлучуваат да ја искористат таа привилегија, иако скапо ја платиле. Тоа го потврдува и „Гардијан“ од 2014. година, кој открил дека 16. продадени недвижнини пропаѓаат бидејќи никој не се грижи за нив.
Најголем број сопственици во Улицата на милијардерите се корпорации пријавени во даночните раеви, кои на тој начин одбегнуваат плаќање на поголем дел од данокот, но и остануваат анонимни.

Во рамките на Улицата на милијардерите се наоѓа и комплекс од дваесеттина луксузни станови по име Buxmead, кои доаѓаат со рецепционери, внатрешен базен долг 25. метри, приватно кино и слични погодности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес (петок) обилни врнежи од дожд, силен јужен ветер и локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со …