(ФОТО) Учителка од Вермонт направила ДОБАР БИЗНИС од ракавиците на Берни: Има 13.000 нарачки!

Минатата година, кога Сандерс повторно се кандидирал, Елис дознала дека ги носел ракавиците и дека „луѓето ги нарекувале неговите ракавици за рерна“, но тој ги позајмил на некого.
Елис вели дека била толку трогната што на Сандерс му испратила уште 10 пара.
Рачно изработени, рециклираните ракавици во кафеава и беж боја станаа хит по објавувањето на фотографијата на Сандерс од инаугурацијата на Бајден на 20. јануари. Тој седел сам на столче на склопување и се чинеше дека не е импресиониран од помпа и околности.


Фотографијата на фотографот на АФП, Брендан Смиаловски стана првиот вирален мем од ерата на Бајден, па Сандерс се појавуваше на сè, од сцените во „Војна на Sвездите“ до последната вечера на Леонардо да Винчи.
„Многу, многумина побараа да купат пар од овие одлични ракавици. За жал, јас всушност не ги правам повеќе. Но, сакам да се осигурам дека ќе си набавите пар”, рекла Елис во видеото на компанијата Vermont Teddy Bear, објавено на нивната веб-страница
„Секој што ги сака овие ракавици ќе ги добие“, воодушевено рекла учителката.
Елис за АФП изјавила дека три дена по инаугурацијата, добила околу 13.000 електронски пораки од луѓе кои сакаат да ги купат ракавиците.
„Не само еден пар – луѓето многу ги сакаат“, додала таа.

Фото: Тwitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …