(ФОТО) ТАЖНА СУДБИНА – ОСТАНАЛ ВДОВЕЦ ДВА МЕСЕЦИ ПОСЛЕ ВЕНЧАВКАТА: Жената мислела дека има грип, а всушност се случувало нешто страшно!

Саима Херц едно студено утро,се разбудила чувствувајќи треска и главоболка. Тогаш 30-годишната жена била убедена дека има грип. На пат од работа, отишла на лекар и му рекла дека изгледа дека го собрала вирусот. Тој и рекол да земе парацетамол, па се одморала цел викенд пиејќи чај од лимон додека нејзиниот сопруг и подготвувал супа. Неколку дена подоцна таа починала.
Причината е енцефалитис, воспаление на мозокот. Симптомите се тивки и вклучуваат главоболка, треска и малаксаност.
Претприемачот Мајк Херц станал вдовица два месеци по свадбата. Во шокантна исповед, тој зборувал за неговата покојна сопруга и неговиот живот. Тој исто така рекол дека сака да ја подигне свеста за ситуацијата, која погодува 6.000 луѓе во Велика Британија секоја година и одзема 1.800 животи.


Gepostet von Mike Herz am Dienstag, 2. Januar 2018

Но, ова не е единствената трагедија што го погодила. До неодамна, тој сметал дека 2002. година ќе биде најлошата година за него. Во тоа време, тој имал 12. години и со семејството патувал во Африка. Тие имале сообраќајна несреќа во која неговиот татко и тој биле повредени, а неговата мајка Џејн и 9-годишниот брат Бен загинале.
Тоа потполно го скршило, а кога ја запознал Саима пред четири години, се чувствувал како повторно да се родил.
„Штом ја запознав оваа духовита, убава жена, знаев дека може да ме излекува“, ја започнал тој приказната и додал:„ Неколку минути по нашата прва средба, знаев дека сакам да бидам со неа до крајот на животот“.
По сообраќајната несреќа, никој не можеше да му се приближи. Тој бил доста ладен, вели тој, а Саима го научила дека со духовитост и топлина може повторно да се отвори и да сака.
„Немам зборови за да опишам што се случи. Тоа е како ужасна, неверојатна и неразбирлива шега“, рекол Мајк.


Gepostet von Mike Herz am Dienstag, 5. März 2019


Тој рече дека откако викендот го минала во одмор, таа отишла на работа, рано во понеделникот наутро, додека Мајк спиел. Таа му испратила порака во која му кажува дека го сака. Подоцна тоа утро, еден од нејзините колеги го повикал да му каже дека неговата сопруга била дезориентирана и дека има вртоглавица.
“Веднаш отидов кај неа. Кога ја видов, мојата прва мисла беше дека има мозочен удар или алергиска реакција. И помогнав бидејќи едвај можеше да оди. Разговарав со неа додека се возевме во болница, но таа зборуваше неповрзани работи.Ми падна во прегратка додека влегувавме во собата за итни случаи.Следните 24. часа му минале како во магла.Саима била на интензивна нега, а лекарите правеле испитувања и откриле масивно натекување на мозокот.

Еден доктор му рекол дека станува збор за воспаление на мозокот, но нема причина да се грижи бидејќи целосно ќе се опорави. Мајк му верувал. Но, неколку часа подоцна, состојбата и се влошила и било премногу ризично да ја преместат и да направат анализи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден во 2018 година почина новинарот Љубомир Вељковиќ – Раф

Љубомир Вељковиќ – Раф е роден во Скопје во 1943 година. Тој беше истакнат македонски …