(ФОТО) Хонг Конг: Град во кој зградите мора да имаат дупки за да има каде да минува среќата

Хонг Конг, веќе неколку години се смета за еден од најскапите градови за живот во светот. Најновото истражување на консултантската фирма „Мерсер“ го покажува ова.
Не само што ви требаат многу пари за да живеете тука, туку исто така е тешко да се најде соодветен стан. Станбени згради и облакодери се појавуваат низ целиот овој азиски град и тие се различни од повеќето други затоа што имаат дупки.

Не само што ви требаат многу пари за да живеете тука, исто така е тешко да се најде соодветен стан. Станбени згради и облакодери се појавуваат низ целиот овој азиски град и тие се различни од повеќето други затоа што имаат дупки.
Зошто? Ако прашавте локалец, би дознале дека виновникот за дупките – фенг шуи.
Поточно,според верувањето, зградите кои имаат слаб фенг шуи, како што се облакодерите на Кинеската банка, негативно влијаат на  компаниите во близина. Од друга страна, зградите кои се изградени со дупки, имаат врати на змеј, кои, според фенг шуи, им овозможуваат на змејовите од планините да долетаат до реките.
Се верува дека змејовите донесуваат среќа, и ако има блокада на енергетскиот премин, може да се случат многу негативни работи. Само што една фирма, сместена во близина на облакодерот на Кинеската банка, го обвинила облакодерот за својот банкрот. Имено, во него нема дупки, со што се „затвора преминот на среќата“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …