(ФОТО) Џорџо Армани за 17,5 милиони долари купил историски пентхаус со поглед на Централ Парк

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани станал сопственик на целиот последен кат на историската зграда на Менхетен со поглед на Централниот парк во Њујорк.
Според пишувањето на Wall Street Journala, 85-годишната модна икона има близу 300 м2 простор, со четири спални соби и четири купатила. Цената на пентхаусот е 17,5 милиони долари, а претходниот сопственик беше Џон Легер од Т-Мобиле.


Станот од 1929. година е во продажба од февруари 2018. година. Го дизајнирала една од најреномираните архитектонски фирми „Шварц и Грос“ и го редизајнирало студиото од „ШелтонМиндел“. Резултатот од модернизацијата е нео-ренесансен стил со елементи на Beoux Arts.
Високите тавани и мозаиците на прозорците му даваат на просторот црковен изглед, а тоа е дополнително засилено со антички лустери и вградени полици


Меѓу многуте удобности на станот се и вратар, фитнес-центарот, игротеката за деца, просторија за алишта и магазин, а посебен аспект на приказната е историјата на овој простор.
Според некои извештаи, станот некогаш бил во сопственост на магнатот Вилијам Рандолф Херст и неговата сопруга Мерион Дејвис. Архитектот на „Легере“, Ли Миндел, наводно, ги пронашол нејзините иницијали врежани во камини, како и портрет на жена која личи на Дејвис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …