(ФОТО) Сопругата на Оливер Драгојевиќ се огласила по повод болеста на сопругот: „Оливер е супер и ќе биде дома за Божик!“

Оливер Драгојевиќ пред неколку месеци дознал дека е болен од тешка болест.
Хрватскиот пејач, кој не се предава и е голем борец, се обидел да го победи ракот на плуќа.Поради тешката болест Оливер одел на хемотерапии, лежел во болница па едно време имаше и вести дека починал или дека е во кома.
Иако било неизвесно дали за време на празниците ќе излезе од болница, желбата му се остварила.Претстојниот Божик и новогодишните празници ќе ги мине со семејството.
„Можам само да кажам дека Оливер во петок ќе излезе од болница. Ќе му се оствари желбата и ќе биде дома за Божик.Оливер сега е супер“ рекла неговата сопруга Весна.
Популарниот пејач 20. дена бил во болница, а семејството било покрај него.
Неговите пријатели тврдат дека е подобар и дека ќе биде дома со своите. Пред извесно време поради болеста Оливер мораше да ги откаже концертите во сплитска „Спаладиум Арена“,закажани за 15. и 16. декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …