Пејачот Тони Цетински оваа година доживеа сообраќајна несреќа кога со автомобилот налета на пешак кој веќе лежел на патот.
Човекот почина а Тони Цетински признава дека тогаш се соочил со голема болка.
„Кога ќе доживееш некои тешки работи сфаќаш дека проблемите кои некогаш те мачеле се небитни“ рекол пејачот, пренесува CoverStyle.
Така Тони вели дека изминатата година била многу тешка за него и семејството и дека би сакал што побргу да ја заборави. Сега е окружен со позитивизам.
„Имам соработници, пријатели и семејство околу себе“ рекол и додал дека се приближил до верата, Господ и семејството.
Тони Цетински поради несреќата ги променил основните начела: Се свртел кон верата, Господ и семејството
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.