(ФОТО) Семејство Ѓоковиќ: Папараците „ги уловиле“ Новак и Јелена со децата на плажа – без гламур туку природно!

Додека Новак зборувал на телефон, Јелена будно ги следела синот и ќерката кои како и сите други деца си играле во песокот и трчале по плажата…
Папараците во Марбелја во чекор го следат Новак Ѓоковиќ кој таму се подготвува за американската турнеја пред УС Опен.
Слободното време Новак го користи за да си помине убаво со своето семејство на плажите на овој шпански град.
Папараците во Марбелја имале можност да направат фотографии од најдобриот тенисер на светот како ужива со својата сопруга Јелена и децата Стефан и Тара на плажа.
Додека Новак зборувал на телефон, Јелена будно ги следела синот и ќерката кои како и сите други деца си играле во песокот и трчале по плажата.
Тара и Стефан си играле со брановите, а Стефан пронашол и голем камен кој му бил поосебен реквизит за играње.
Нема сомнеж, веќе од мали нозе се забележува дека ќе биде спортист и дека уште сега е подготвен да ги засилува мускулите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …