(ФОТО) Се појавило писмо на Меган Маркл пишувано со рака:„Ми го искрши срцето на милион парчиња!“

Во јавност се појавило приватно писмо на Меган Маркл кое, наводно, минатата година му го напишала на татко и Томас.


Во своето писмо, пишувано со рака, Меган на татко и му признала дека „и го скршил срцето на милион парчиња“ и го замолила да престане да шири лаги за неа и да ја искористува нејзината врска со принцот Хари за да дојде во таблоидите и добие пари.


„На новинарите им кажа дека си ми се јавил за да ми кажеш дека нема да дојдеш на венчавка. Тоа не е вистина, никогаш не ми се јави“, напишала помеѓу останатото Меган во писмото кое го објавил Daily Mail.


„Секогаш единствено те сакав, бранев, ти нудев било каква финансиска помош која можев да ти ја понудам, се грижев за твоето здравје…Секогаш прашував како можам да ти помогнам. Затоа беше грдо од таблоиди да се дознае за твојот инфаркт. Те барав и ти пишував пораки, те молев да прифатиш помош. Дури некого и испративме кај тебе дома. Но, наместо да ми сејавиш и прифатиш било каква помош ти престана да одговараш и продолжи да разговараш само со таблоидите“, опишала Меган.

„Ако ме сакаш како што им велиш на новинарите, те молам престани. Те молам, дозволи ни да го живееме својот живот во мир“, го замолила Маркл.
Во писмото на пет страни се допрела и до нејзината полусестра која редовно ја „озборува“ по медиумите.

„Те молев да престанеш да читаш таблоиди. Но, ти на дневна база се навикна на лаги кои ги пишуваа за мене, особено оние кои ги создаде твојата друга ќерка, која скоро и не ја познавам…Ме гледаше како тивко страдам поради нејзините лаги“, напишала Меган.

Фото: Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …