Наводно, повторно се зближил со братот Вилијам
Иако Меган Маркл сега е среќна и го живее животот каков што го посакуваше, извори блиски на принцот Хари за магазинот „Vanity Fair“ изјавиле дека тој, наводно, не наоѓа никакво значење во своето ново опкружување и дека многу му недостасуваат пријателите и семејството.
“Мислам дека на Хари навистина му недостасуваат пријателите, воената служба, титулата и сè што доби со неа. Некој ред и распоред во животот. Тој во моментот нема работа, пријателите и потесното семејство се милји далеку. Оваа цела ситуација на вирусот корона и болеста на неговиот татко ‘го турнаа’ во одлуката повторно да се зближи со неговиот брат Вилијам“, речкла Кејти Никол, експерт кој со години ги следи односите во кралското семејство.
„Исто така, мислам дека Кејт и Вилијам силно го чувствуваат отсуството на Хари и Меган, и жалат што го немаат Хари со нив, бидејќи тие се многу поврзани“, додава Никол.
Неодамна беше откриено дека самиот Хари им кажал на пријателите преку видео повик дека тој сè уште е во шок од тоа колку неговиот живот се променил. Никол потенцира дека на поранешниот принц му недостасува структурата, правилата и моделите на улоги во животот што ги следи уште од детството.
Во исто време, неговата сопруга Меган се чувствува олеснета со доаѓањето на „нејзината територија“ и што се оддалечила од Велика Британија, на која не можела да се прилагоди на кој било начин.
Одбегнатата војвотка инсистира што поскоро да се објави биографијата за нејзиниот и животот на Хари, што треба да и даде на јавноста увид во реалната состојба на работите и да ја раскаже својата страна на приказната.