(ФОТО) ДЕЦЕНИИТЕ НЕ ИМ ПРЕЧАТ – ОВА СЕ ЉУБОВНИ ПАРОВИ: Со многу помладите партнерки имаат мали деца и уживаат!

Сели Вуд имала три години и сè уште си играла во песок додека Рони Вуд блескал и палел на светските сцени. Но, животот е чудо, па славниот музичар и триесет години помладата убавица денес се среќна двојка. Еве уште неколку примери дека годините се само бројки, барем кога сте член на „Ролинг Стоунси“ или познат актер.

Рони и Сели Вуд



Иако во негови години тој можеше да има внуци, 72-годишниот музичар во моментов е најмногу во склад со тригодишните близнаци Греси и Алис, кои ги доби во третиот брак со 42-годишната сопственичка на театарската продукциска куќа, Сели Вуд. Двојката се запознала во 2011. година кога Сели свратила на изложба на неговите слики, а ги поврзувала љубов кон музиката (сите членови на нејзиното семејство се музичари: нејзиниот татко свири виолончело а нејзината мајка флејта во Симфонискиот оркестар во Бирмингем). Тие се венчале после една година врска, а Рони оттогаш ја живее својата верзија за рајот, рекол тој. „Кога нашите близнаци ќе ни влезат во кревет наутро и кога сите четворица сме заедно, тоа е дефиницијата за рајот за мене“, рекол музичарот, кој има уште четири возрасни деца од претходните бракови.


Во последниве години, Рони малку се смири и започна да се грижи за своето здравје, префрлајќи се од четириесет цигари на ден на свеж воздух, на што придонесе и застрашувачката дијагноза што ја доби пред две години, а тоа беше карцином на белите дробови. За среќа, тој успеа да се опорави брзо по операцијата, а денес тој е целосно посветен на своето семејство и здрав живот.
„Знам дека разликата во годините е огромна, но не ја гледам на тој начин. Веројатно затоа што сум стара душа, а Рони е вечно млад“, изјави Сели.

Венсен Касел и Тина Кунаки



„Искрено, по разводот од Моника Белучи и моите две деца, не мислев дека некогаш ќе завршам повторно во брак или пак ќе станам татко. Се помирив со фактот дека ќе бидам сам и едноставно ќе уживам во животот, но знаете дека животот секогаш има поинаков план“, рекол славниот француски актер. И неговиот „план“ дојде во форма на убава, 31-години помладата манекенка Тина Кунаки, со која се запозна – во вода.

Имено, парот се нашол на сурфање на иста плажа, а остатокот е историја на ново семејство, кое исто така минатата година ја доби ќерката Амазонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …