Зошто е добро да се пие шолја какао секој ден?

Какаото ја подобрува еластичноста на артериите и вените…
Какаото е богато со флавоноиди и затоа ја подобрува еластичноста на нашите артерии и вени. За време на една неодамнешна студија, жените кои пиеле шолја какао богато со антиоксиданс дневно за три месеци се здобиле со помека, навлажнета, затегната кожа која веќе не била толку чувствителна на сончање.
Се покажало дека какаото го стимулира мозокот да произведува ендорфин што доведува до релаксација, го ублажува стресот и болката. Исто така, го стимулира лачењето на допамин и серотонин што го зајакнува расположението. Исто така е одговорот на прашањето зошто луѓето кои се депресивни јадат големи количини чоколадо.


Истражувањата во Велика Британија покажало дека какаото штити од срцеви заболувања и мозочен удар. Една чаша вкусен кафеав пијалок на ден ќе спречи формирање на згрутчување на крвта, кои ако стасаат во срцето или мозокот, може да предизвика срцев или мозочен удар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …