(ФОТО) Приказна за метро станица во Москва каде што се криел Сталин

Метро станицата Мајаковска дефинитивно се здоби со репутација како најубава во Москва.
Станицата Мајаковска се наоѓа 33. метри под земја и претставувала еден вид експеримент. За да се изгради толку длабоко под земја, се користеле аеронаутички инженерски техники, а тоа било и засолниште за Јосиф Сталин.
Во 1935. година, архитектот С. Кравец направил експериментален проект на метро станица длабоко под земја. Изградбата наскоро започнала, но инженерите не ги земале предвид сложените геолошки аспекти, па таванот на станицата започнал да пука. Потоа службениците свикаа комитет, во кој членувал архитектот А. Душкин. Тој значително го сменил проектот и ја презел улогата на главен архитект на станицата. За прв пат во историјата, бетонските носачи биле заменети со метални, а наместо тешки носачи, се добиле нешто поелегантни столбови. Софистицираните заоблени метални елементи кои во голема мера придонеле за естетиката на станицата, ги направил аеронаутички инженер.


Станицата „Мајаковска“ е отворена на 11. септември 1938. година, како дел од втората етапа на московското метро. Во сводот на централниот брод, има 34. овални ниши со осветлување и 34. мозаици. Иако е дизајнирана во ерата на стилот на Сталин, оваа станица изгледа доволно авангардно за да се смета за пример на Арт Деко.

Проектот освоил Гран при на Светскиот саем во Њујорк во 1939. година.

View this post on Instagram

Станция "Маяковская". Купол с мозаичным панно из серии А.А.Дейнеки "Сутки Страны Советов" Арх. А.Н.Душкин 1938 г. #Московскийметрополитен #Соварх #Sovarch #Moscowsubway #MoscowMetro #metrostationMayakovskaya #Mayakovskaya #Station #Dushkin #Deineka #Душкин #Дейнека #Russianavantgarde #totalitarianism #totalitarianarchitecture #Тоталитарнаяархитектура #Сталинскаяархитектура #Ардеко #ArDeco #СССР #USSR #СуткистраныСоветов #Советскаяархитектура

A post shared by Борис Бочарников (Жуков) (@b.bocharnikov) on

За време на Втората светска војна се користела како засолниште за населението, но Јозеф Сталин во него најде и засолниште од бомби. Всушност, на годишнината од Октомвриската револуција во 1941. година, Сталин одржал говор пред голем број партиски лидери и собрани граѓани.
Во самата станица има и биста на поетот Владимир Мајаковски. Неговата песна „Московско небо“ била инспирација за украсување на таванот.

Метро-станицата Мајаковска е оддалечена околу 2,3 километри од Црвениот плоштад и Кремљ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …