ТРАМП И МЕЛАНИЈА ИМААТ КОРОНАВИРУС! Претседателот на Соединетите држави на Твитер потврди дека е позитивен на ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија се позитивни на вирусот корона, пишуваат светските медиуми.
Трамп исто така на Твитер потврди дека тој и Меланија имаат вирус и ќе бидат во карантин.


Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека тој и неговата сопруга Меланија се во карантин откако било утврдено дека една од неговите најблиски соработнички, Хоуп Хикс (31) е позитивна на вирусот корона.

“Хоуп Хикс, која работеше напорно без пауза, е позитивна на ковид-19. Хорор. Првата дама и јас ги чекаме нашите резултати. Во меѓувреме, го започнавме процесот на карантин”, напиша Трамп на Твитер.
Хикс е најблиската соработничка на Трамп која е позитивна на ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Bо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.
Таа исто така патувала со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …