(ВИДЕО Вознемитувачки) ЖЕНАТА СЕУШТЕ ИМА ТРАУМИ – КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАЛ ТРУДНИЦА ВО 9. МЕСЕЦ ВО КАФУЛЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Еве колкава казна добил насилникот!

Стипе Лозина (44), австралиски државјанин со хрватско потекло, која во ноември минатата година ја претепал бремената Рана Еласмар (32) во Сиднеј, бил осуден на три години затвор.
Да потсетиме, нападот се случил во локално кафуле, а Еласмар тогаш била во 9-ти месец од бременоста.
Лозина се приближил до масата каде што седеле Еласмар и нејзините пријателки и им побарал пари. Кога го одбиле, Лозина физички ги нападнал, извикувајќи дека „тие, муслиманите ја уништиле неговата мајка“.


Потоа со тупаница ја удрил бремената жена во главата а таа од силината на ударот паднала на подот. Лозина ја погодил уште најмалку 14. пати после тоа. Тој дури и ја згазнал на задниот дел од главата.
Другите гости на кафулето на крајот успеале да го дистанцираат од жените што ги нападнал, а снимките од суровиот напад ја згрозија австралиската јавност.
Судијата Кристофер Креги го окарактеризирал бруталниот напад како „злобен и целосно неприфатлив“, а тој му рекол на Лозина дека во тоа време бил „очигледно нестабилен“.
„Нападот беше таков што можноста за повреда на жртвата и нејзиното неродено дете беше многу голема“, рекол Креги.


Еласмар за време на судењето рекла дека чувствува дека Лозина и се обратил затоа што е муслиманка и додала дека се уплашила за својот живот и животот на своето дете.
“Ако никој не интервенираше, тој можеше да ме убие. Го свртев стомакот за да не може да го удри. Сакав да го заштитам детето”, рекла таа.
Еласмар претрпела полесни повреди во нападот и родила дете три недели по нападот.
Нејзините адвокати пред судот изјавиле дека Еласмар сè уште страда од траума поради тој напад и дека се плаши да оди на јавни места. Тие исто така додале дека имала проблеми затоа што морала да им го објасни нападот на нејзините други деца.

За време на судењето, Лозина одбил правна помош и се застапувал сам. Австралиските медиуми објавиле дека тој зборувал некохерентно неколку пати за време на судењето.
Судијата изјавил дека кај Лозина е дијагностицирана шизофренија и дека тој имал проблеми со менталното здравје подолго време.
Тој има право да поднесе барање за условно ослободување во 2022. година.

Екран.мк/News.com.au

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …