(ФОТО) ПОВРЕДЕНА – КОЈ БИ ПОМИСЛИЛ ДЕКА ИМА ЧУВСТВА?! Се појави ЕМОТИВНИОТ МЕИЛ што Анџелина му го испратила на Бред! Нивната војна сега сите ја гледаат СО ДРУГИ ОЧИ!

Џоли тогаш рекла дека не е во можност да учествува во договорот „од морални причини и за благосостојбата на нашето семејство“ и дека сака да го поддржи Бред во обидот да ја продаде компанијата и „да продолжи од ова тешко и болно поглавје во нивните животи.

This image has an empty alt attribute; its file name is angelina-joli-so-decata-1024x683.jpg
Џоли го спомнала и инцидентот во авионот во 2016. година во кој претходно тврдела дека Пит „се нафрлил на сопственото дете“ и „го давел едното, а другото го удрил по лицето“. Таа исто така навела дека Пит „истурил пиво и црвено вино“ врз децата. Истиот месец кога се случи наводниот инцидент, Џоли поднесе барање за развод.
– Не можам да изразам колку е вознемирувачки за мене што морам да стигнам до оваа точка. Ти посакувам се најдобро со оваа работа и искрено се надевам дека децата ќе го доживеат поинаку Миравал кога ќе пораснат и ќе те посетат, но Миравал умре за мене во септември 2016. година. Се што видов години подоцна, за жал го потврди тоа – пишува Џоли.


This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit-instagram.jpg
Да потсетиме дека на почетокот на оваа година Анџелина Џоли ја продаде винарската визба Шато Миравал на рускиот олигарх Јури Шефлер, поради што Пит ја тужеше. Пит признал дека неговата поранешна сопруга вложила 40 отсто од куповната цена од 28,4 милиони долари, но тврди дека само тој е одговорен за успехот на винаријата. Пит, исто така, тврди дека според условите на нивниот развод во 2019 година, тој и Џоли имале договор и меѓусебно разбирање дека ниту еден не може да го продаде својот дел од винаријата без согласност на другиот.
Минатиот месец, поранешната компанија на Анџелина, Nouvel, поднесе тужба од 250 милиони долари против Пит, тврдејќи дека актерот води „одмаздничка војна“ во обид да ја одземе контролата врз винарницата. Според судскиот документ, компанијата тврдела дека Пит „смислил досега успешен план да ја преземе контролата над Шато Миравал“.

Извор: Jutarnji.hr


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …