(ФОТО) После приказните дека сопругата ја измамува со МАЖ, фаталниот Езел ја покажал нежната страна!

Познатиот турски актер Кенан Имирзалиоглу, на нашата публика познат како Езел од турската сапуница со исто име, и неговата сопруга Синем Кобал годинава стануваат родители. Турските медиуми претходно пишуваа дека парот очекува девојче, но се чини дека во нивниот дом ќе пристигне момче.


Она што особено ја шокираше турската јавност, претходно овој месец, беше веста дека турскиот актер ја изневерува својата бремена сопруга со 37-годишен колега. Кенан е еден од најпопуларните актери во неговата матична земја, и иако во последните години се обиде да се повлече од јавноста, медиумите не престануваат да известуваат детали од неговиот приватен живот. Иако веќе четири години е во брак со 13. години помладата колешка Синем Кобал, се зголемуваат гласините дека 46-годишниот актер е геј.

Ниту тој, ниту неговата сопруга не ги негираа таквите обвинувања, но се чини дека ваквите приказни биле фабрикувани. Имено, фаталниот Езел деновиве ја покажа својата нежна страна и со сопругата се појавил на прегледот за нејзината бременост.

Двојката е фотографирана пред болницата каде неговата сопруга била на преглед, а убавата Синем, исто така актерка, носела розов фустан за трудници. На фотографиите исто така, гледаме дека парот се однесува одговорно и носи маски заради „Ковид 19“, како и дека Кобал и Имирзалиоглу изгледаат малку изненадени од оваа неочекувана фотосесија.

„Останаа последните два месеци. Фала му на Бога, сè е добро“, рекла кратко актерската двојка за турските медиуми.

View this post on Instagram

İyiki doğdun Sevgilim😍

A post shared by Sinem Kobal (@sinemkobal) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …