(ФОТО) По разводот Жизел Бундцхен има ново момче: Овој спортист го замени Том Брејди

Бразилската манекенка е фотографирана, како што пренесуваат медиумите, со ново момче – инструктор за џиу-џицу.
По разводот од Том Брејди, срцето на Жизел Бундцхен го освои уште еден спортист. Имено, Жизел е фотографирана во Који во провинцијата Пунтаренас со Хоаким Валенте, пишува Page Six.
Иако не е јасно кога започнала романсата, факт е дека во 2021. година Бундцхен и Валенте снимале за магазинот Dust со неговите браќа Педро Валенте и Џио Валенте.
Да потсетиме, во февруари манекенката го спомна семејството Валенте, велејќи дека тие се „страшни учители“.

За самиот Хоаким не се знае многу. Познато е дека џиу-џуцито го научил од татко му, а од Бразил дошол да живее во Америка во 2007. година.
Дипломирал криминологија, сега живее и работи во Мајми, каде се наоѓа и седиштето на академијата на браќата Валенте.



Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …