(ФОТО) Оскаровецот признал дека повеќе не му е едноставно да слабее и да се здебелува,по 20. – 30. килограми,за улогите!

Глумецот Кристиан Беил за последната улога се здебелил дури 20. килограми. Во филмот „Vice“ го игра бившиот американски потпретседател Дик чејни.
„Беше потешко да се здебелам отколку да ослабнам“, изјавил 44. годишниот оскаровец кој сега е повторно послаб отколку во филмот кој за претстојните божиќни празници треба да почне со прикажување.


Не се здебелил на нездрав начин, напротив, соработувцал со нутриционист, а главно го јадел својот омилен десерт.
„Главно јадев пита“, рекол Беил за „Variety“.
За да што поверодостојно го донесе ликот на Дик Чејни ги обоил и веѓите но и ги искубал.


Инаку, Беил има долга историја на неверојатни трансформации за улогите. За филмот „Машинист“ во 2004. година ослабнал скоро 30. килограми.


Потоа повторно се здебелил за улогата во филмот „Бетмен“ во 2005. кога морал да додаде и 10. килограми мускули.

Оскарот го освоил за улогата на зависник од хероин во 2010. година во филмот „The Fighter“, а и тогаш бил непрепознатлив поради губењето килограми.

Три години подоцна во филмот „American Hustle“ се појавил со стомаче.

„Мислев дека ќе ги истопам килограмите кои ги ставив за ’American Hustle’. Си дадов два месеци, но сеуште се обидувам да се ослободам од тие килограми. Повеќе не е едноставно како кога бев во дваесеттите“, појаснил Кристиан Беил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пике споделил ретка фотографија со девојката, а еве што прави Шакира…

Додека Шакира ужива да биде сама, Пике уште од разводот има девојка Жерар Пике ретко …