Најголеми проблеми во модерните врски

Се чини дека денес луѓето се’ потешко одржуваат здрави и нормални врски и ако мислите дека причина за тоа е измама или пари се лажете…
Имено, бројни истражувања тврдат дека токму парите и измамата се главни причини за „пукање“ на бројни врски, но се чини дека статистичките податоци не можат да ја покажат целата приказна.

1. Лоша комуникација
Кога не се слушате еден со друг, туку само меѓусебно се обвинувате, тогаш проблемите никогаш не ги решавате до крај. Мислите дека партнерот може да ви ги чита мислите и дека во кавга некој мора да излезе како победник. Престанете со овие лоши навики и пронајдете компромис, бидејќи само така ќе успеете да ја сочувате врската.


2. Лоша забава
Ако мислите дека под „заедничко време“ се смета кога и двајцата лежите во кревет и секој се забавува на својот лаптоп, таблет или паметен телефон, тоа навистина не се смета. Сетете се на забавните работи кои порадно заедно сте ги правеле и повторно проживејте ги.


3. Недостаток на време
Паровите мораат да пронајдат време за себе, иако е тоа понекогаш тешко поради бројните обврски кои ги имате во текот на денот. Вечерајте заедно, ако веќе поради работата не стасувате да ручате.Вежбајте заедно, одете на прошетка, излезете со пријатели. Доколку сакате да опстанете заедно морате да имате некои ваши мали ритуали кои ги извршувате заедно.

4. Нереални очекувања
На жените често им се замерува дека имаат високи стандарди кога станува збор за мажите. Едно е сигурно, сите мораме да сфатиме дека никој не е совршен. Партнерот може поради вас да се промени, но не во потполност и тоа од него не можете да го барате. Мораме да научиме партнерот да го прифатиме со сите врлини и мани, а треба да бидете свесни и за тоа дека и’ самите имаме мани кои другата страна исто така ќе ги толерира.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Воскресение Христово (втор ден) Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа …