(ФОТО) Поради љубов ја променил верата: Сопругот на познатата глумица решил да премине во јудаизам!

Нејзината кариера од 2000. година тргнува по нагорна линија, кога станала забележана во филмот „Блискост“. За улогата во овој филм била номинирана и за Оскар,а освоила Златен глобус…
Натали Портман со вистинско име Натали Хершлаг е родена на 9. јуни 1981. година во Ерусалим. Натали уште од малечка ја засакала глумата, а посебниот талент ја издвоил и така веќе со 12. години ја добила првата улога во филмот „Леон“, рамо до рамо покрај славниот Жан Рено.


Натали одела во еврејско училиште, а филмската кариера во еден момент ја жртвувала поради образованието. Можеби не сте знаеле, но Натали е една од ретките образовани дами во Холивуд. На Харвард завршила психологија, а потоа дипломирала и на Еврејскиот универзитет.
Освен што е факултетски образована, Натали течно говори хебрејски и англиски, а разбира француски, германски, јапонски и шпански.
Нејзината кариера од 2000. година тргнува по нагорна линија, кога станала забележана во филмот „Блискост“. За улогата во овој филм била номинирана и за Оскар,а освоила Златен глобус.


Потоа ниже вистински филмски хитови како што се „В за Вендета“, „Втората ќерка на Болен“, а во 2011. година го добила престижниот Оскар за улогата во „Црн лебед“ како и голем број други награди. Натали во овој филмски хит игра професионална балерина а патот за спремање на улогата воопшто не бил лесен.
„Тоа беше голем предизвик, и имав огромна поддршка. Сите наставници, кореографи, режисерот пред се ме обликуваа и туркаа по тој пат. Почнав од основните балетски движења, два часа дневно првите шест месеци. Наредните шест емсеци по пет часови дневно. Додадовме и пливање. Потоа два месеци по осум часови дневно. Физичката дисциплина ми помогна да ја совладам емоционалната страна на ликот. Животот на балетски играч е сличен на монашкиот живот. Тие не пијат, не излегуваат навечер, не јадат, и константно телото го изложуваат на болка“, рекла тогаш глумицата.


Во текот на снимањето Натали Портман го запознава сегашниот сопруг, балетски играч и кореограф Бенџамин Милпије. Во декември 2010. ја објавиле свршувачката и среќната вест дека Натали е бремена.

Во јуни 2011. парот го добил синот Алеп, а следната годиан се венчале на интимна еврејска церемонија во Калифорнија. Во 2017. година ја добиле ќерката Амалија.
Бенџамин моментално е директор на балетот во париската опера а неодамна поради својата сопруга ја променил верата.
Францускиот кореограф рекол дека му е многу важно да биде иста вера како и неговата мила и дека сака да премине во јудаизам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …