(ФОТО) ОПАСНО НЕВРЕМЕ – ГРОМ УСМРТИЛ 10 МОМЧИЊА ДОДЕКА ИГРАЛЕ ФУДБАЛ: Малечките се обиделе да се заосолнат до дождот – но, тоа било кобно!

Невидена трагедија се случила во Уганда кога молња убила 10 деца кои играле фудбал на отворен терен во градот Аруа.
Покрај момчињата кои беа убиени, повредени се уште 4, објави „ The Guardian“.
Момчињата, кои биле на возраст помеѓу 9. и 16. години, кога почнало невремето од громовите се засолниле под импровизирано засолниште од слама.


„Момчињата играле фудбал кога започнало невремето и грмотевиците“, соопштила полицијата, додавајќи дека се повредени уште четири деца.
Во Уганда, удари на громови се појавуваат во текот на сезоната на дождови, а се случувало гром да удира во училниците каде што се учениците, особено во руралните области затоа што во објектите нема громобрани.

Властите веќе долго време апелирале до училиштата да инсталираат громобрани, особено затоа што во близина се игралишта и фудбалски терени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …