Новата девојка на Бред Пит е мажена: Парот се гледа повеќе од една година – сопругот знаел се!

Се чини дека Бред Пит не може да живее без скандали…
Бред Пит (56) ја запознал својата нова девојка Никол (27) во престижен ресторан, кој, случајно, го води нејзиниот сопруг, открива „Дејли мејл“. Странските медиуми тврдат дека манекенката е во „отворен брак“, и дека на нејзиниот сопруг не му пречи односот со актерот.
Изворот вели дека холивудскиот актер се заљубил во Никол на прв поглед. Тоа било во август минатата година, кога Бред бил на промоцијата на неговиот нов филм „Беше еднаш во Холивуд“. По премиерата, тој се вратил во споменатиот ресторан и таму ја запознал Никол.


Една година, двојката успешно се криела од јавноста, за да сега веста за нивната врска одекна во медиумите. Двојката во моментов е на одмор на југот на Франција.
“Бред Пит за прв пат ја запозна Никол Потуралски во август минатата година, во ресторанот на нејзиниот сопруг Роланд. Бред доаѓаше во ресторанот со години, а исто така го познава и Роланд. Кога дојде да ја прослави премиерата на неговиот нов филм, Роланд го запозна со Никол, а таа му го даде својот телефонски број. Бидејќи Никол патува многу поради моделингот, кога беше во Лос Анџелес, му се јави на Бред“, изјави за Дејли меил добро информиран извор.



Никол и Роланд (68) го имаат седумгодишниот син Емилио.
“Роланд бил во брак неколку пати и има пет деца. Тој не е негативен или љубоморен тип. Тој и Никол се уште се во брак, но пријателите тврдат дека станува збор за брак од ‘отворен тип'”, тврди изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …